Friday, May 13, 2011

Омилени фаци:

                Кристијано Роналдо дос Сантос Авеиро.


Роден е на 5 Февруари 1985год.во Фуншали, познат е како
,,Кристијано Ронално“. Тој е португалски фудбалер, кој моментално игра за ФК Реал Мадрид во Шпанија, a поголем дел од својата кариера ја помина во Англискиот прволигаш ФК Манчестер Јунајтед.Роден е на португалскиот остров Мадеира. Пораснал со мајка му Марија Долорес дос Сантос Авеиро и татко му Жозе Динис Авеиро, кој починал додека Роналдо имал натпревар против Русија со репрезентацијата на Португалија.




             Анџелина Џоли.



Родена на 4 јуни 1975 во Лос Анџелес и е ќерка на познатиот холивудски актер Џон Војт и ќерка на бивша манекенка Марселина Бертран. Таа е американска филмска глумица, поранешна манекенка и амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Анџелина Џоли е исто така добитничка на три награди: „Златен глобус“ и еден „Оскар“ и повеќе пати е прогласувана за најубава жена на светот. По разводот на нејзините родители во 1976 година, таа и нејзиниот брат Џејмс Хевн ги одгледала нивната мајка. На 16 години матурилала во елитното средно училиште Беверли Хилс.




                          Џеси Мекартни.


Роден е на 9ти април, 1989 година. Тој е Американски пејач, текстописец и актер. Неговата слава ’пушта’ искри во раната 2000 година, како член на бендот Дрим Стрит (Dream Street). Со појавувањето во телевизиската серија „Самрленд“ (Summerland), Џеси ја започнува својата соло кариера. Џеси Мекартни е роден во Ardsley, New York. На 7 години прв пат започна да се појавува во локални мјузикли. На 10 години се придружува во националната тура на „The King and I“, а веќе една година подоцна се сели во Лос Анџелес за да почне да ја граде својата повеќе-страна кариера.




                   US5
        
 US5 е машкa поп-група од Германија, Англија и САД. Групата е формирана во 2005 година. на реалното шоу ,,Big“ во Америка и во германската РТЛ телевизија II.US5 стана успешна во Централна Европа со нивниот деби албум ,,Here we go“ (хит песна Марија)Албумот се продаде во 2,5 милиони примероци во светот. Членови на овој бенд се: Izzy Galleos, Tariq Jay Khan, Christopher Richard ,,Richie“ Stringini, Cayce Clayton, Jayson Pena ... додека пак бифши членови: Michael ,,Mikel“ Jonson, Christopher ,,Chris“ Watrin, Vicent Vince Tomas.



 Енрике Мигел Иглесијас Прејслер


Енрике Мигел Иглесијас Прејслер е роден на 08.05.1975 во Мадрид. Тој е син на познатиот шпански пејач Хулио Иглесијас и филиписката манекенка Изабел Прејслер. Има тројца - браќа Хулио Хосе, Михаел Александар и Родриго, како и три сестрин- Чабели, Тамара и Ана. Негова партнерка беше и Руската тенисерка Ана Курникова, но подоцна се разведоа. Иглесијас не сакал неговиот татко да знае за неговите планови за музичка кариера и не сакал неговото познато презиме да му помогне во кариерата.Тој позајмувал пари од дадилката за да сними демо лента на која ќе има една шпанска песна и две англиски песни. Контактирајќи го поранешниот промотер на неговиот татко, Fernan Martinez, промовираа две песни под сценското име Enrique Martinez, нагласувајќи дека тоа е непознат пејач од Гватемала. Иглесијас склучи договор со издавачка куќа наречена Fonovisa. Потоа го напушти Универзитетот и замина во Торонто за да го сними својот прв албумЕнрике Иглесијас станува познат многу млад со албумот на шпански јазик (Enrique Iglesias, 1995). 

No comments:

Post a Comment